Почина Џери Ли Луис, бунтовниот пејач и пионер на рокабили музиката

Бунтовниот пејач Џери Ли Луис, почина на 87-годишна возраст.Тој беше американски пејач, текстописец и пијанист. Важеше за „првиот голем човек на рокенролот и еден од највлијателните пијанисти на 20 век“.

Пионер на рокенролот и рокабили музиката, Луис ги направи своите први снимки во 1956 година во Sun Records во Мемфис.
Неговиот хит од 1957 година „Whole Lotta Shakin’ Goin’ On“ му донесе светска слава на Луис.

Тој беше еден од последните преживеани од златното доба на рокенролот, неговиот живот сепак беше обележан со скандали и насилство.

Кариерата кратко ја прекината на 22. години кога се ожени со својата 13-годишна братучетка Мира Гејл Браун.

Агентот на Луис го опиша како „можеби последната вистинска, голема икона на раѓањето на рокенролот“.

Во изјавата, публицистот на Луис, Зак Фарнум рече: „Тој беше таму на почетокот, со Елвис, Џони Кеш, Чак Бери, Литл Ричард, Карл Перкинс, Фетс Домино, Бади Холи и други, и ги гледаше како исчезнуваат еден по еден како тој не сведочи и не пее за раѓањето на рокенролот“.

Луис почина во својот дом во округот Десото, Мисисипи, со сопругата Џудит покрај него, се вели во соопштението на неговиот публицист.

 

Scroll to Top