Почина Џина Лолобриџида една од најубавите италијански глумици

Една од најубавите италијански глумици Џина Лолобриџида почина на 95 години. Се прослави во педесетите години од минатиот век како медитерански секс симбол, а потоа се повлече од светот на филмовите и стана фотографка и скулптор.

Во времето кога беше на врвот, беше позната како најубавата жена на светот. Прекарот Ла Лоло го доби бидејќи го отелотвори прототипот на италијанската убавица. Беше големата протагонистка на италијанската кинематографија, а по успешната кариера во Холивуд, се врати во Италија и повремено се појави на филм.

Нејзиното богатство е проценето на околу 40 милиони евра, за што морала да го ангажира бившиот обвинител од Палермо, Антонио Ингрој, за да ѝ помогне во долготрајната правна битка која ја водела со син ѝ кој го доби со Милко Шкофиќ.

За потсетување, Џина е родена на 4 јули 1927 година, во скромно семејство во мало село Субиако, во планинскиот регион Абруцо во Италија. Има играно со најголемите светски глумци, од Френк Синатра, Шон Конери, Марсел Мастројани, до Хемфри Богарт

Потоа се врати на првата љубов, фотографијата и скулптурството, на кои во целост им се посвети на почетокот на осумдесетите години. 

 

Scroll to Top