Саксофонистот и член на легендарната група Earth, Wind & Fire, почина на 71 година. Тој бил болен шест години, поради што престанал и да настапува, но семејството никогаш не откри од што боледува. Дека починал еден од најпознатите саксофонисти на сите времиња, откри пејачот на Earth, Wind & Fire, Филип Бејли.
„Го запознав во средно училиште и од тој момент брзо станавме пријатели и колеги од бендот. Денес го загубивме по шестгодишната болест. Големи спомени. Голем талент. Забавен. Конкурентен. Освестен. И секогаш со стил. Се гледаме од другата страна, брат“, напиша Бејли на социјалните мрежи.
Вулфолк е роден на 11 октомври 1950 година во Сан Антонио, Тексас, а потоа се преселил со своето семејство во Денвер, Колорадо. Во 1973 година, по средбата со Филип Бејли во средно училиште, тој се приклучил на бендот. Со нив тој постигна огромни успеси, златен и платинест албум во 1988 година. Од бендот со замина 1993 година, но повторно настапуваше со нив во некои посебни прилики.