Американскиот глумец Брајан Денехи почина вчера на 82 годишна возраст. Денехи починал во својот дом во Конектики. Светските медиуми пренесуваат дека глумецот починал од природна смрт, а дека надлежните не побарале обдукција.
Денехи беше на големите и мали екрани речиси 50 години. Во текот на неговата завидна кариера се има појавено во бројни познати телевизиски серии. Глумеше во сериите „МАСХ“ и „Далас“ пред да ја добие улогата во „Династија“ во 1981 година.
Од познатиот глумец се простија голем број актерки меѓу кои и Силвестер Сталоне со кого глумеше во акцискиот филм „Рамбо“. Потоа Денехи оствари бројни улоги во Холивуд. Сталоне се прости од него преку социјалните мрежи.
„Почина големиот глумец Брајан Денехи. Беше врвен перформер. Исто така беше ветеран во Виетнам кој многу помогна во развивањето на улогата Рамбо. Светот изгуби голем глумец“, напиша Сталоне под фотографијата од нив двајца од филмот.
Во текот на кариерата Денехи го позајми гласот на анимирани филмови. Добитник е и на неколку награди. Сопственик е на „Златен глобус“, две „Тони“ награди, а за „Еми“ наградата беше номиниран шест пати. Глумецот зад себе остави пет деца и сопруга.