Почина глумецот Џејсон Дејвид Френк, еден од „Моќните ренџери“ во популарната серија во деведесетите

Глумецот Џејсон Дејвид Френк, кој го глумеше зелениот „Моќен Ренџерс“ во популарната телевизиска серија во 90-те години, почина на 49 години, пренесе TMZ. Неговиот претставник Џастин Хант ја пренесе веста и додаде дека починал во Тексас, а извори за „ТМЗ“ откриваат дека е последица на самоубиство.

„За жал вистина е. Ве молам да ја почитувате приватноста на неговото семејствов и пријатели во ова ужасно време додека сите тагуваме за губењето на Џејсон. Многу го сакаше семејството, пријателите, фановите. Ќе ни недостига на сите“, рече Хант.

Френк беше познат како Томи Оливер од оригиналната франшиза Mighty Morphin Power Rangers, која се прикажуваше од 1993 до 1996 година, а исто така го глумеше и другиот Power Rangers во проектите како Power Rangers Zeo, Turbo и Dino Thunder.

„Не можам да верувам. РИП Џејсон Дејвид Френк. Срцето ми е скршено што изгубив уште еден член од нашето посебно семејство“, рече неговиот колега од серијата Волтер Е. Џонс.

„Беше инспирација за толку голем број луѓе. Ќе ни недостига многу на сите. Тажно е да се изгуби уште еден член од нашето семејство „Ренџерс“. Џејсон беше еден од најголемите шегобијци во серијата. Имаше луда смисла за хумор. Имавме и подеми и падови, но јас останав доследен во тоа да бидам близок со него и во добро и лошо“, рече Џонс.

За потсетување, Френк зад себе остави четири деца, синовите Хантер и Џејкоб и ќерките Скај и Џена.

 

Scroll to Top