Почина глумецот Ричард Белзер, омилениот детектив од серијата „Закон и ред“

Актерот Ричард Белзер, омилениот детектив од серијата „Закон и ред“, почина вчера на 78 години во својот дом во Бозул, на југот на Франција.

Кариерата ја започна како комичар, а подоцна се прослави како актер во различни улоги. Најпознат е по улогата на детективот Џон Мунк, лик кој го толкуваше во серијата „Убиство: Живот на улица“, која траеше седум сезони, а ја наследи „Убиство: Филм“. Неговиот лик потоа беше вклучен и во криминалистичката серија „Закон и ред: Оддел за жртви“ која траеше уште 15 сезони, во повеќе од 300 епизоди.

Белзер го играше Мунк во 11 различни претстави во текот на 22 години. За првпат,  еден измислен лик беше одигран од еден актер во 11 различни телевизиски емисии.

Писателот Бил Шефт рече дека Белзер имал многу здравствени проблеми, но не ја откри точната причина за неговата смрт.

Scroll to Top