Почина Кевин Конрој, глумецот што му го позајмуваше гласот на Бетмен

Актерот Кевин Конрој, кој привлече големо внимание на јавноста позајмувајќи му го гласот на Бетмен во цртаните филмови, почина на 66-годишна возраст откога извесно време страдаше од непозната болест.

Кевин доби милиони фанови од целиот свет во ’90-тите години, кога го позајми својот карактеристичен глас на многу анимирани ликови.

Веста за неговата смрт ја потврди неговата колешка Дајан Першинг.

„Многу тажна вест: Вчера почина нашиот сакан глас на Бетмен, Кевин Конрој. Беше болен некое време, но навистина вложи многу време во недостатоците“, напиша таа на „Фејсбук“ и додаде: „Ќе им недостига на многумина, не само на актерската екипа, туку и на многу обожаватели“.

Scroll to Top