Британскиот музичар Џон Мајлс почина во сон во својот дом на 72-годишна возраст. Веста за неговата смрт на потврди и неговиот менаџер и пријател Клиф Купер.
„Како менаџер и пријател на Џон 50 години, тој не само што беше добар и љубезен, туку и одличен музичар и текстописец на глобално ниво“, изјави тој за Би-Би-Си.
Legendary singer John Miles dies at the age of 72 surrounded by loved ones https://t.co/xLZKzumVGC pic.twitter.com/5aqnUxbEx1
— Mirror Breaking News (@MirrorBreaking_) December 6, 2021
Покрај менаџерот, преку Фејсбук се огласи и неговото семејство. Мајлс зад себе ја оставил сопругата Ајлин, со која беше во брак речиси половина век, како и двете деца и внуците.
„Со голема тага ве известуваме дека господинот Мјузик, Џон Мајлс, за жал почина по кратко боледување. Беше сакан сопруг, татко и дедо и ни недостига повеќе отколку што може да се опише со зборови. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност во ова тешко време… Секогаш ќе биде во нашите срца“, стои во нивната објава.
Мајлс е во Џероу, во април 1949 година, во северо-источниот дел на Англија. Најмногу ќе биде запомнет по песната „Music“ (Music Was My First Love And It Will Be My Last), која ги одбележа топ листите во Велика Британија во 1976 година. Тој беше наречен голем и иновативен музичар во британската рок музика. Соработуваше со бројни музички ѕвезди како Тина Тарнер, Стиви Вондер, Џими Пејџ итн.
Има издадено 10 албуми од 1976 и 1999 година, а во 2017 година доби награда за придонес во рокенрол музиката.