Почина Луис Гилберт, режисерот на филмовите за Џејмс Бонд

Режисерот кој беше режисер на легендарните филмови за Џејмс Бонд 007, Луис Гилберт, почина на 98-годишна возраст.

„Со голема тага дознавме за смртта на нашиот драг пријател Луис Гилберт“, соопштија продуцентите од серијалот за Бонд, Мајкл Вилсон и Барбара Броколи.

„Само двапати се живее“ од 1967, „Шпион кој ме сакаше“ од 1997 и „Операција во вселената“ од 1979 година се режирани од страна на овој британски режисер.

Гилберт ќе остане запаметен по филмот „Алфи“, во кој во 1966 година го играше Мајкл Кејн, и со кој стакна светска слава.

Последниот долгометражен филм на Луис Гилберт, Before you go, е објавен во 2002 година.

 

Scroll to Top