Почина мајката на Алек Болдвин

Мајката на холивудскиот глумец Алек Болдвин, Керол М. Болдвин, почина на 92 години. Тажната вест ја сподели глумецот.

„Во 1991 година ѝ беше дијагностициран рак на дојката. Откако го преживеа, се приклучи на група за поддршка на рак на дојката во Лонг Ајленд. Отвори и Фонд за истражување на ракот на дојката, а се собираа милиони долари“, рече Болдвин.

„Мајка ми ме научи за вториот чин, но, не и за третиот. Последните 25 години беше вистински борец и шампион за некои работи на кои им посвети толкава енергија. Сите бевме горди на неа“, рече Болдвин.

За потсетување нејзиниот сопруг Александар почина во 1983 година. Заедно имаа шест деца, 25 внуци и 14 паравнуци. Покрај Алек Болдвин, од неа се простија и другите синови, глумците, Даниел, Вилијам и Стефан Болдвин.

Scroll to Top