На 73 години почина францускиот моден дизајнер Тиери Муглер, чии креации носеше легендарниот пејач Дејвид Боуви. Веста за неговата смрт беше соопштена синоќа на неговиот официјален профил на Инстаграм. Точната причина за смртта сè уште не е позната, иако неговиот менаџер за Би-би-си изјави дека дизајнерот починал од пририодна смрт.
„Ужаснати сме што објавуваме дека господиниот Манфред Тиери Муглер почина во неделата, на 23 јануари 2022 година. Нека му почива душата во мир“ стои во соопштението.
View this post on Instagram
Муглер е роден во Стразбур, а уште како дете бил вљубен во цртањето. На 9 години почнал да учи класичен танц. За време на неговото време како балетан, студирал и внатрешен дизајн на Школата за декоративни уметности во Стразбур. По напуштањето на Школата, почна да дизајнира облека за Карим, каде што создаде изглед со широки раменици, инспирирани од 1940-тите што ќе ја дефинираат неговата кариера. Потоа се пресели во Париз каде дизајнираше излози за парискиот бутик Гудуле, но му беше дозволено да дизајнира од страна. По неколку години како слободен дизајнер, во 1973 година го лансираше својот бренд, со својата прва линија, Café de Paris, создадена во партнерство со бизнисменот Ален Карадеук. Тој стана познат по неговиот архитектонски стил, дефиниран со широки раменици и мала половина.
Во 1978 година, Муглер го отвори својот прв бутик на Places des Victories и ја лансираше својата линија за мажи. Додека во 80-тите, учествуваше на модните ревии на Париската модна недела, па светските моделите како Наоми Кембел, Синди Крафорд, Линда Евангелиста и Ева Херцигова шетаа во неговите креациите, почнувајќи од хромирани боди до фустани со пердуви. Тој стана познат по неговите екстравагантни модни ревии кои се одржуваа во стил на арена речиси како гледачите да гледаат театарска претстава.
Употребата на футуристичка ткаенина слична на пластика во неговата облека стана заштитен знак, а неговите креации често наликуваа на роботски костуми со испакнати форми на конус. Високата мода ја дефинираше во текот на неколку децении, облекувајќи ги Дајана Рос и Бијонсе на гала-настани, на црвените килими и на модните писти. Во 1990-тите ја стартуваше својата популарна линија на парфеми како „Angel“.
Муглер стана меѓународно признат како дизајнер во текот на 1980-тите и 1990-тите, откако дизајнираше една од најпознатите тоалети на 90-тите, која се појави во романсата/драмата „Непристоен предлог“ од 1993 година, со Деми Мур во главната улога.
Муглер се повлече од модата во 2002 година, но потоа се врати на модната сцена и повремено соработуваше со славни личности, меѓу кои Лејди Гага, Карди Би, Дејвид Боуви, Мајли Сајрус, Никол Кидман, Бела Хадид. Тој создаде сценски костими за Бијонсе, но и познатиот „мокар фустан“ на Ким Кардашијан којшто го носеше на Мет галата во 2019 година.
„Ова е првпат по 20 години господинот Муглер да дизајнира за Куќата на Муглер“, изјави Кардашијан тогаш за Vogue. „Значи, да дојдам и да го дизајнира овој фустан за мене е голема чест“.
Покрај облеката, Муглер создаваше филмови и фотографии, беше танчер, акробат и страствен бодибилдер, нагласувајќи дека отсекогаш сакал да го истражува човечкото тело како уметност.
„Отсекогаш се чувствував како режисер, а облеката што ја правев беше правец на секојдневието“, изјави Муглер за списанието Interview.
Муглер беше режисер и костимограф за спотот на Џорџ Мајкл за „Too Funky“. Видеото беше суштински Муглер додека Мајкл глумеше моден дизајнер кој организира модна ревија. Во спотот се појавуваат Херцигова, Евангелиста, Тајра Бенкс, Надја Оерман и Беверли Пил.
Последниве неколку години се соочи со сериозни повреди, меѓу кои сообраќајна незгода и несреќа во вежбалница, по која била неопходна пластична операција и го оставила речиси непрепознатлив.