Почина Морган Стивенс, актерот од серијата „Мелроуз Плејс“

На 70-годишна возраст почина актерот Морган Стивенс, најпознат по улогата на Ник Дајмонд во серија „Мелроуз Плејс“ (анг. Melrose Place). Тој беше пронајден мртов во куќа откако соседот на Стивенс побара од властите да направат здравствена проверка, објави во средата TMZ.  Извори блиски до актерот велат дека тој не бил виден извесно време пред неговата смрт, поради што неговиот сосед се обратил до властите. Како што беше соопштено, актерот најверојатно починал од природна смрт.

Стивенс се појави во шест епизоди од „Melrose Place“, а се појави и во две сезони од серијата „Fame“ на NBC, во која го глумеше учителот Дејвид Риардон. Глумеше и во неколку ТВ-серии како „Murder“, „She Write“, „One Day at a Time“ и „Murder One“.

Актерот од Лос Анџелес, исто така, се појави како Пол Нортриџ во една епизода од „The Waltons“ и во три филма за повторно обединување, вклучувајќи го и „A Wedding on Walton’s Mountain“, во кој неговиот лик се ожени со Ерин Волтон, која ја игра Мери Елизабет Мекдона.

Неговото последно појавување на екранот беше во 1999 година, кога глумеше во епизода од американската драмска серија „Вокер, Тексас Ренџер“.

Стивенс е роден на 16 октомври 1951 година во Ноксвил, Тенеси.

Во 1989 година актерот беше уапсен поради наводно возење под дејство на алкохол, откако имал мала сообраќајна несреќа. Во тоа време, Стивенс тврдеше дека полицијата била брутална, велејќи дека бил жестоко претепан додека бил во притвор. Тој се здоби со скршеница на носот, фрактура на образот, исчанчување на вилицата и оштетување на нервите на лицето.

Откако тестот за алкохол во крвта покажа дека Стивенс не возел пијан, тој ја тужеше полициската управа во Лос Анџелес за малтретирање и подоцна беше постигната вонсудска спогодба.

Scroll to Top