Англиско-француската актерка и пејачка Џејн Биркин почина на 76 години. Веста ја објавија француските медиуми, кои пренесоа дека беше позната по професионалниот и приватен однос со францускиот музичар Серж Гензбург. Биркин важеше за стилска икона на 1960-ите и 1970-ите.
Биркин е родена во Лондон, но се прослави во Франција, каде што се пресели во 1970-ите. Француските медиуми објавија дека била пронајдена мртва во својот дом во Париз.
Нејзината лична и уметничка врска со Гензбург ја направи славна низ светот, што особено се должи на песната „Je t’aime… moi non plus“. Тие го снимија хитот во 1968, откако се запознаа на снимањето на филмот „Слоган“.
Нивната врска траеше 12 години, но и по разделбата останаа пријатели, при што Гензбург продолжи да пишува песни за неа. Биркин подоцна ја опиша врската како турбулентна со повремени насилства. Тие ја добија ќерката Шарлот Гензбург, која е наградувана актерка и пејачка.
Биркин исто така беше модел кој наметнуваше модни трендови и беше инспирација за чантата „Биркин“, што ја создаде луксузната модна куќа „Ермес“.