Почина пејачот Денис Едвардс ден пред својот роденден

Пејачот од легендарниот бенд „Темптејшнс“, Денис Едвардс почина еден ден пред својот 75.роденден, пренесуваат американските медиуми.

Неговото семејство потврди дека починал во Чикаго.

Едвард на бендот му се придружи во 1968 година.

Со групата испеа некои од неговите најголеми хитови како Papa Was a Rollindz Stone и Cloud Nine.

Scroll to Top