Џин Кенеди Смит, последната жива сестра на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, почина на 92-годишна возраст. Веста за нејзината смрт ја потврди ќерка ѝ.
Смит беше второто најмладо од деветте деца на Џозеф П. Кенеди и Роза Фицџералд, пренесува Би-би-си.
Смит беше американска амбасадорка во Ирска во 90-тите години, кога одигра клучна улога во севернокорејскиот мировен процес.
Претседателот Барак Обама во 2011 година ѝ додели Претседателски орден на слободата, највисокото цивилно признание во земјата.