Почина таткото на Џенифер Анистон, актерката со емотивна порака се прости од него

Џон Анистон, таткото на Џенифер Анистон, почина на 89-годишна возраст. Познатата актерка се прости од својот татко и објави нивни заеднички фотографии

„Драг тато.. ти беше еден од најубавите луѓе што ги познавам. Благодарна сум што се искачи на небото во мир – без болка. Баш 11.11. Секогаш имаше совршен тајминг. Овој број засекогаш ќе има уште поголемо значење за мене. Те сакам до крајот на времето. Не заборавај да ме посетиш“, напишала актерката на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

Џон беше актер, најпознат по улогата на Виктор Киријакис во „Денови на нашите животи“. Таа улога почнал да ја игра во 1985. година, а на тој проект работел три децении. За оваа улога тој добил награда за животно дело.

Scroll to Top