Почина таткото на Стивен Спилберг

Познатиот американски режисер Стивен Спилберг се прости од својот татко Арнолд, кој почина на 103-годишна возраст.

„Ти си нашето срце, нашиот дом. Кога ќе погледнам во ‘плеј стејшн’ во мобилниот, во работите како што е најмалиот дигитрон, па сè до „ајпадот’, ќе се сетам на мојот татко и ќе си спомнам дека тој и неговиот тим на генијалци го започнаа сето ова“, изјавил Стивен за својот татко.

Покрај Стивен, Арнолд имал уште три ќерки, кои велат за него  дека тој бил човек кој сакал да истражува, да ги држи нозете на земја, но и да посегне по ѕвездите и секогаш да гледа нагоре.

 

„Фала ти за животот. Те сакаме тато“, му порачаа тие.

Scroll to Top