Почина ѕвездата од „Сајнфилд“ Филип Бејкер Хол

На 90 години почина актерот Филип Бејкер Хол, познат по улогите во филмовите, „Маголија“, „Кралот на порничите“ и во серијата „Сајнфилд“. Тажната вест ја потврди новинарот на „Лос Анџелес тајмс“, Сем Фармер.

„Мојот сосед, пријател и еден од најмудрите и најталентираните луѓе кои ги познавав, Филип Бејкер Хол, почина синоќа. Беше опкружен со саканите. Светот сега има едно празно место“, рече Фармер.

Веста за „Асошиетед прес“ ја потврди и неговата сопруга Холи Волф Хол, која откри дека актерот неодамна бил во добра здравствена состојба и дека последните денови ги поминал гледајќи наназад на животот што го имал.

„Неговиот глас на крајот беше еднакво силен“, рече таа.

За потсетување, Филип Бејкер Хол кариерата ја започна во 1970 година. На почетокот глумел во телевизиски серии, а потоа се прослави со улогите во филмовите „Истерувачи на духови 2“, „Полноќна трка“ и „Речи било што“. Во 90-те глумеше и во филмовите Air Force One, Hird, „Карпата“ и „Шоуто на Труман“.

Во една од  најпопуларните серии на сите времиња „Сајнфилд“, Хал глумеше полицаец од библиотеката на Џо Букмен.

„Филип ме смееше повеќе од кој било друг актер со кого работев“, рече сценаристот на серијата Лери Дејвид.

 

Scroll to Top