Почина ѕвездата од серијата „Комесарот Мулен“

Францускиот глумец и режисер Ивес Рениер, познат по телевизиската криминалистичка серија „Комесарот Мулен“, почина на 79 годишна возраст.

Тој починал во својот дом, во близина на Париз, соопштило неговото семејство. Рениер во последните година дена од животот им се посвети на режирањето.

Тој работел со познатите глумици Мириел Робин и Матилдa Сење.

Кариерата ја почнал во 1961 година во филмот „Грофот Монте Кристо“, а има глумено во низа филмови. Со серијата „Комесарот Мулен“, го доживеа најголемиот успех.

Тој го играше познатиот полициски комесар повеќе од 30 години.

 

 

Scroll to Top