Покрај децата, Анџелина Џоли сака на Бред Пит да му ги земе и парите

Покрај децата, глумицата Анџелина Џоли сака на својот сега веќе поранешен партнер Бред Пит да му ги земе и парите, пишуваат американските таблоиди.

Откако во 2016 година двајцата најавија крај на бракот, американската глумица и нејзиниот колега водат голема битка за старателството над нивните шест заеднички деца – Мадокс (19), Пакс (16), Захара (14), Шило и дванаесетгодишните близнаци Вивиен и Кнокс.

Магазинот New Idea пишува дека Џоли има пеколен план како да го измами својот поранешен партнер и покрај децата, да му ги земе и парите. Двајцата за време на судскиот процес се прикажуваат како грижливи родители, кои го посакуваат само најдоброто за своите деца.

Но, Анџелина сега има во план во иднина да не прифаќа скапи филмски проекти и да работи исклучиво на евтини. На тој начин таа смета дека пред судот ќе се покаже како грижлива самохрана мајка, која е во неповолна финансиска состојба.

Таа мисли дека на тој начин ќе добие повеќе поени кај судијата кога станува збор за одлуката децата да завршат кај неа. Ако успее во тоа, Бред ќе мора да плаќа и поголема алиментација за децата. Ако Џоли добие целосно старателство, оваа сума би била значително поголема.

Scroll to Top