Легендарниот музичар Пол Макартни откри дека одгледува марихуана на неговата фарма во Англија, но дека ја крие жетвата за да не му ја украдат тинејџерите. Тој има дозвола да одгледување коноп, бидејќи во Велика Британија постои закон со кој е легално да се одгледува коноп со соодветна дозвола од државата.
Конопот потекнува од ист вид растенија како канабисот, но за разлика од канабисот, конопот содржи многу ниско ниво на тетрахидроканабинол (ТХЦ).
„Одгледувам пченица, ‘рж, грашок на фармата. Неодамна почнав да одгледувам и коноп. Смешни се тие владини прописи кои бараат да го чувате таму каде што луѓето не можат да го видат, бидејќи доаѓаат тинејџери и крадат“, рекол музичарот во емисијата „Ривер колфи тејбл“.
Мекартни во интервјуто зборувал за својата љубов кон земјоделството, па раскажал дека неговата фарма е органска и не користи пестициди или ѓубрива. Се пофалил и дека има и свое пиво, бидејќи одгледува и хмељ на фармата.
„Отидов во локалната пиварница и ги прашав дали ќе ми направат пиво ако им донесам хмељ“, вели музичарот. Тој додал и дека често ги служи пријателите со своето пиво, а меѓу нив е и музичарот Кит Ричардс.
Paul joins the 'The River Cafe Table 4' podcast as he talks about his memories with food and wine! 🍽🍷 https://t.co/fUC9WYmGhV pic.twitter.com/oeHaUZudvf
— Paul McCartney (@PaulMcCartney) October 6, 2021