Холивудскиот глумец Бредли Купер неколку месеци е во врска со Хума Абердин, помошничка на Хилари Клинтон, пишува магазинот „Пипл“. Глумецот и политичката активистка првпат се сретнале на годинашната „Мет гала“ во мај, каде што и двајцата биле гости, а ги запознала Ана Винтур, уредничката на „Вог“.
Купер и Абердин ја кријат врската од јавноста и за сега не ги коментираат пишувањата на медиумите.
Хума има 10-годишен син со поранешниот конгресмен Ентони Вајнер, кој беше вклучен во секс-скандал. Контроверзијата за тој настан влијаеше на претседателската кампања на Хилари Клинтон во 2016 година, а по ова ,Вајнер се повлече од местото конгресмен и се разведе од Абердин.
Купер, пак, ја има ќерката Леа (5) од врската со рускиот топ-модел Ирина Шајк. Тие беа заедно четири години, а раскинаа во 2019.