Поради короната повторно е одложена премиерата на „Невозможна мисија“

Поради короната повторно е одложена премиерата на филмот „Невозможна мисија“. Седмиот и осмиот филм од франшизата во филмот во кој глуми Том Круз се одложени за 2023 и 2024 година, објавија продуцентите од Paramount Picture и Skydance.

„Невозможна мисија 7“ требаше да почне да се прикажува во кината во септември 2022 година, а продолжението во јули 2023 година. Новите датуми сега се 14 јули 2023 и 28 јуни 2024 година.

„Откако добро размисливме, ние во Paramount Picture и Skydance одлучивме датумите за прикажување на ‘Невозможна мисија 7 и 8’ да ги одложиме поради пандемијата со короната“, рекоа продуцентите.

 

Scroll to Top