Американскиот глумец Џејми Фокс заврши во болница и во моментов се опоравува од медицински компликации. Ќерка му Корин прва објави за неговата состојба.
„Сакавме да споделиме со сите дека татко ми вчера имаше медицински компликации. За среќа, поради брзата реакција и одличната грижа на лекарите, ќе се опорави за брзо“, рече Корин.