Поранешната прва дама на Франција и супермодел Карла Бруни е обвинета за корупција и се соочува со затворска казна.
56-годишната Бруни е обвинета за притисок врз сведок кој го обвини поранешниот француски претседател, воедно и нејзиниот сопруг, Никола Саркози, за нелегално финансирање на кампањата од Либија, пренесува Sky News.
Поранешната манекенка е ослободена со кауција и не може да контактира со никој инволвиран во случајот освен нејзиниот сопруг. Обвиненијата вклучуваат манипулација на сведоци и обид за измама поврзани со нелегални средства за време на кампањата за претседателските избори во 2007 година.
Сведокот Зиад Такиедин потврди дека Саркози примил милиони незаконски плаќања кои биле поддржани од режимот на тогашниот либиски претседател Моамер Гадафи.
Никола Саркози, кој беше на чело на Франција од 2007 до 2012 година, веќе е осуден во два други случаи, но цврсто ја негираше вината.