Поранешната сопруга на Д-р Дре ќе добие 100 милиони долари по нивниот развод

Раперот и музички продуцент д-р Дре (56) се разведе со Никол Јанг (51) по 18 месеци судски спор. Тој треба да ѝ исплати на поранешната сопруга 100 милиони долари, објави NBC News.

Д-р Дре, чие вистинско име е Андре Ромел Јанг, и Никол Јанг беа 24 години во брак. Тие имаат две деца на возраст од 24 и 20 години.

Според договорот, Јанг ќе добие 50 милиони долари веднаш, а останатите 50 милиони долари во рок од една година, но нема да добие дополнителна алиментација. Покрај ова, таа го зеде целиот накит, како и четири возила – Ролс Ројс, Ренџ Ровер, Лимузина Ескалејд и мотоцикл Спајдер. Таа исто така треба да се исели од станот во Малибу до крајот на месецот и треба да ги покрие судските трошоци.

Д-дре, чие богатство се проценува на 820 милиони долари, ќе ги музичките права, заштитните брендови и акциите во различни партнерства и фондови. Како сите свои акции во Епл, од кои некои дојдоа од продажбата на слушалките од брендот Битс бај Дре кои Епл ги купи во 2014 година за 3 милијарди долари. Покрај тоа, ќе задржи шест автомобили и седум имоти, меѓу кои домот во Малибу, две куќи во Калабасас и четири имоти во областа Лос Анџелес, но и замок во Брентвуд од 100 милиони долари.

Пред венчавката во 1996 година, Никол потпиша предбрачен договор, но за време на бракоразводната парница таа го оспори документот, велејќи дека потпишала под принуда.

Никол лани поднесе барање за развод, а како причина го наведе вознемирувањето што ѝ го предизвикало „посттрауматско стресно растројство“. Таа пред судот изјави дека д-р Дре двапати ѝ вперил пиштол во глава и ја удрил во глава и лице во 1999 и 2000 година.

За потсетување, неодамна Д-р Дре направи забава за да го прослави разводот од Никол.

Доктор Дре се разведе по 24 години, па направи забава да прослави: Конечно слободен

Scroll to Top