Поранешната ѕвезда на „Дизни“, а денес американска глмумица, режисерка и пејачка Бела Торн, го собори рекородот на една платформа наменета за возрасни, откако со нејзините голи фотографии успеа за 24 часа да заработи милион долари.
Бела отворила профил на сè повеќе популарната платформа OnlyFans-u, каде ги објавила своите провокативни фотографии на своите фанови, кои за да ги видат, мора да платат.
На тој начин Бела успеала да го сруши рекордот на заработка. За да се претплатат на нејзиниот профил, корисниците на оваа платформа мора да издвојат по 20 долари месечно.
Бела најави дека платформата ќе ја користи за хуманитарни акции, но и на создавање на нејзниот нов филм на кој работи, во соработка со Шон Бајкер.
„Тоа е нешто што во моментов го истражуваме. Кои се предностите, а кои недостатоците на платформата? Што ваквата платформа прави за корисниците и каква врска има меѓу стариот живот и животот на OnlyFans-u? Колку истата може да го промени животот кај луѓето на подобро? До каде сте подготвени да одите?“, објаснила Бела.