Поранешната глумица и модел Лорен Хатон на 78 години позираше топлес за насловната страна на магазинот Harper’s Bazaara. Таа позираше во карирани панталони со висок струк и беж јакна од „Гучи“. На себе носеше и златен накит, а голите гради ги покри со рацете.
Хатон е позната по нејзината слава во осумдесетите години. Пред камерите е повеќе од шест децении, а неодамна даде интервју во кое се потсети на нејзините почетоци и потпишувањето на нејзиниот прв договор како модел во Њујорк.
„Во тоа време работев за Кристијан Диор. Заработував 50 долари неделно, но тоа што ме изненади е краткиот век на кариера. Тогаш имав 30 години и знаев дека наскоро ќе дојдат нови млади девојки кои ќе ме заменат. Затоа сакав да се заштитам со договор и да осигурам подолг стаж во оваа работа“, рече Хатон.
Таа зборуваше и за нејзината природна убавина и дека нема направено никакви операции.
„Кога неодамна повторно влегов во улогата на модел си реков дека не сакам да се подмладувам. Луѓето со кои соработував беа воодушевени од мене и сакаа да ме ангажираат“, рече Хатон и додаде дека некои луѓе знаат да се уништат со операции и дека повеќе не личат на себе.