Порноактерката Миа Калифа вторпат се разведува и покрај терапијата да го спаси бракот

Ѕвездата на порнофилмовите, Миа Калифа (28), се разведува од сопругот Роберт Сандберг (28) по две години брак.

Таа веста ја објави на својот инстаграм-профил наведувајќи дека повеќепати се обиделе да го спасат бракот, но не успеале, додавајќи дека останале во добри односи.

„Можеме самоуверено да кажеме дека се обидовме сè за да успее нашиот брак, но по речиси една година терапија и работа на тоа, раскинуваме знаејќи дека секогаш ќе бидеме пријатели и дека навистина дадовме сè од себе. Секогаш ќе се сакаме и почитуваме бидејќи знаеме дека не само еден внатрешен проблем е причина за нашето раскинување туку кулминација на нерешените клучни разлики за кои не можеме да се обвинуваме еден со друг“, напиша Миа во својата објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia K. (@miakhalifa)

„Го затвораме ова поглавје без жалење и двајцата почнуваме одново, одделно, но нè обврзуваат неверојатното семејство, пријателите и љубовта кон нашите кучиња. Ова требаше да се случи многу одамна, но ние сме среќни што поминавме време заедно и го направивме тоа најдобро и можеме да кажеме дека дадовме сè од себе“, додава таа.

Поранешниот пар се сврши во пролетта 2019 година и се венча во јуни истата година.

Калифа претходно пет години беше во брак со својата средношколска љубов.

Scroll to Top