Последната сезона на „Игра на тронови“ закажана за 2019 година

Телевизиската мррежа ХБО издаде официјално соопштение во кое потврди дека последната, осма сезона од мега-популарната серија „Игра на тронови“ ќе се прикажува во 2019 година. Последната сезона ќе има само шест епизоди, според најавите секоја долга околу 90 минути. ХБО не даде конкретен датум кога ќе бидат емитувани епизодите, но ги откри имињата на сценаристите и режисерите.

Продукцијата на осмата сезона почна во октомври и треба да заврши во август 2018 година, една година по финалето на седмата сезона.

 

Scroll to Top