Вчера, во пад на хеликоптер само неколку часа пред концерт, загина светскиот музичар, се наведува во веб страницата на бендот.
Хеликоптерот во кој се наоѓашеТрој Гентри, член на музичкото дуо Монтгомери Гентри се урна во шумската област во близина на аеродромот Flying W во Медфорд, само неколку часа пред концертот, кој требаше да се одржи во едно одмаралиште.
Деталите од трагедијата се уште не се познати, се додава на сајтот.
Гентри е роден на 5 април 1967 година во Лексингтон, во Кентаки, каде го запозна Еди Монтгомери, со кој ја формираше групата наречена по нивните презимиња.