Познатиот џез-музичар Ману Дибанго почина од коронавирус

Позната џез-музичка ѕвезда Ману Дибанго почина утрово од коронавирус, пренесува британски „Гардијан“. Познатиот џезер почина на 87-годишна возраст. Тој неодамна се заразил со опасниот вирус.

Утрово во болницата во париски регион почина Ману“, соопшти неговиот издавач Тери Дурепаире.

Ману беше најпознат по хитот Soul Makossa од 1970-тите години. Тој беше еден од првите светски ѕвезди кои почина како последица на коронавирусот.

Ману беше еден од пионирите на афро-џезот. Роден е во Камерун во 1933 година. Во Франција стигнал во 1949 година. Во 2010 година доби одлукување „Легија на честа“. Тоа е највисокото француско одликување.

Во 2009 година го обвини Мајкл Џексон дека му украл дел од песната за два хита од албумот Thriller. Стихот mama-say, mama-sa, ma-makossa од песната на Џексон Wanna Be Startin’ Somethin е дел од неговата песна Soul Makossa.

Двајцата се спогодија надвор од рамките на судот. Ману 60-годишната кариера ја заврши минатата година со турнејата Symphonic Safari.

 

 

Scroll to Top