Дејв Грол, фронтменот на бендот Foo Fighters ги изненади своите обожаватели објавувајќи на социјалните мрежи дека добил дете со својата љубовницата.
„Неодамна добив вонбрачна ќерка Планирам да и бидам родител полн со љубов и поддршка. Ги сакам сопругата и децата и правам се што можам за да ја вратам нивната доверба и да ја заработам нивната прошка. Благодарни сме што внимавате на моите деца додека одиме напред заедно“, напиша тој.
Тој ги исклучи коментарите на оваа објава. Грол е во брак со моделот и продуцент Џордин Блум од 2003 година. Таа се уште не се изјаснила за неговото признание дека бил неверен. Тие имаат три ќерки – Виолет, Вилоу и Офелија Сент.
Во претходното интервју за магазинот Elle, тој изјави дека не бил подготвен за сериозна врска кога ја запознал Џордин и престанал да контактира со неа откако излегле неколку пати. Меѓутоа, по неколку месеци се предомислил и ја поканил, а потоа започнале врска.
Таа неколку пати соработуваше со неговиот бенд Foo Fighters. Таа се појави во спотот за песната „White Limo“, а учествуваше и во режијата на спотот за синглот „Walking a Line“.