Пријателите на Џенифер Лопез: Уморни сме од нејзиниот хаотичен љубовен живот

Џенифер Лопез се разведува од Бен Афлек. Пејачката поднесе барање за развод во вторникот во Лос Анџелес, на втората годишнина од бракот. На 55-годишната Лопез ова и е четврти неуспешен брак, а извор близок до пејачката открил дека нејзините пријатели се уморни од нејзиниот хаотичен љубовен живот.

„По четири неуспешни бракови, нејзините пријатели мислат дека треба да се справи со себе и да се фокусира на себе наместо на тоа што другите сакаат од неа и конечно да открие која е таа и што сака од нејзината иднина“, изјави изворот за Дејли Меил.

Изворот откри и дека Лопез намерно поднела барање за развод на втората годишнина од бракот, но и дека Бен одамна завршил со неа.

Џенифер рече дека веќе ѝ здосадило понижувањето на Бен и дека намерно чекала до нивната втора годишнина за да го намести. Но, тој не беше повреден. Тој одамна заврши со неа и таа длабоко во себе го знае тоа. Тој и дозволи да го направи ова само за да ја направи негативец во целата приказна“, откри изворот.

Џенифер и Бен наводно со месеци се расправале за поделба на имотот и на моменти воопшто не зборувале. Тие не потпишале предбрачен договор, а нејзината нето вредност е 400 милиони долари, додека нето вредноста на Бен се проценува на 150 милиони долари.

Scroll to Top