Пријателите загрижени за здравјето на Бен Афлек

Пријателите на популарниот холивудски глумец, Бен Афлек, се загрижени за неговото здравје, пренесуваат светските медиуми. Глумецот во последните неколку недели, има осбалено драстичен број на килограми. Тој е висок 193 сантиметри, а тежи само 74 килограми, открива извор близок до Афлек.

Афлек призна дека има осбалнето, но дека тоа е поради новата улога за која тој се подготвува. Тој вели дека се има ставено на строг режим и дека сака да набие што повеќе мускули.

„Бен речиси не јаде ништо, а вежба како луд. Не сака да погледне шеќер. Сите сме загрижени за него. Го сакаме и му велиме понекогаш да изеде некоја крофна или слично. Сето ова лошо влијае за неговото здравје, кое веќе еднаш беше нарушено поради алкохолот“, вели изворот.

За потсетување, неговите пријатели исто така покажаа загриженост пред неколку месеци за неговото здравје, поради неговата врска со атрактивната кубанска глумица Ана де Армас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ben Affleck (@benaffleck)

„Ана така делува на мажите. Таа е паметна, секси и талентирана. Но, позната е и по тоа што има пракса да се спријатели со соработниците. Со неа работите можат да се оладат на ист начин како и при загревањето. Таа напорно работеше да дојде на местото каде што е сега и кариерата секогаш и е на прво место. Се плашам дека ако му го скрши срцето, Бен повторно би можел да заврши на рехабилитација“, изјавил изворот и близок пријател на Афлек.

Scroll to Top