Принцот Чарлс и Камила примија вакцина против Ковид-19

Британскиот престолонаследник, принцот Чарлс (72), и неговата сопруга Камила (73) ја примија првата доза вакцина против Ковид-19, соопштија портпаролот на кралското семејство. Оттаму не открија која вакцина ја примиле.

Кралицата Елизабета Втора (94) и нејзиниот сопруг принцот Филип (99) беа вакцинирани на почетокот на јануари.

Принцот Чарлс и неговиот син Вилијам имаа полесна форма на болеста на почетокот на првиот бран на пандемијата, лани пролетта.

Во Велика Британија досега од корона починаа околу 114.000 луѓе од корона. Од почетокот на вакцинацијата, 12,6 милиони луѓе ја примија првата доза.

Scroll to Top