Принцот Чарлс и неговата сопруга Камила прославија 15 годишнина од својот брак во карантин. Принцот кој минатата недела беше заболен од опасниот вирус, сега се чувствува добро и се опорави од благите симптоми.
Британскиот престолонаследник со неговата сопруга војвотката од Корнвал, прославија синоќа 15 години брак во нивниот дом во Шкотска, пренесуваат британските медиуми.
Од палатата објавија дека не биле планирани никакви јани настани за да се одбележи годиншнината. Цела Британија е во карантин поради коронавирсуот, а принцот Чарлс на Британците им се обрати само преку социјалните мрежи, на интернет.
„За сите нас ова е нешто ново. Чудно е и фрустрирачки кога сте болни, а вашите семејства и пријатели не смеат да бидат до вас и не можат да ви помогнат. За среќа, јас немав потешки симптоми и сега се чувствувам добро. Во овие тешки времиња моите и мислите на мојата сопруга се со сите оние кои поради пандемијата ги изгубија своите најблиски. Како и со оние кои се болни и осамени и изолирани“, изјавил принцот Чарлс.
Неговата сопруга Камила од понеделникот се наоѓа во самоизолација. Чарлс и Камила се венчаа во 2005 година. Нивната врска помина со голем број контроверзи додека принцот сеуште беше во брак со трагишно настраданата принцеза Дајана, мајката на принцот Вилијам и Хари. Од тогаш Камила е прифатена како рамноправен член на британското кралско семејство.