Британскиот престолонаследник, принцот Чарлс ќе ја одведе Меган Маркл до олтарот, бидејќи нејзиниот татко нема да дојде на свадбата. Според британските медиуми Меган го замолила принцот Чарлс да ја придружува до олтарот во капелата Сент Џорџ.
„На принцот од Велс ќе му биде чест на овој начин да ѝ посака добредојде на Меган Маркл во кралското семејство“, стои во соопштението на Кенсингтонската палата.
Свадбата на Меган Маркл и принцот Хари ќе започне утре во 13 часот по македонско време.