Принцот Чарлс повторно е позитивен на коронавирус

Принцот Чарлс повторно е позитивен на коронавиру. Од палатата соопштија дека тој во моментов се наоѓа во изолација.

„Принцот Чарлс утрово доби позитивен резултат на теостот и поради тоа беше одложена планираната посета на Винчестер“, велат од палатата, а фановите му посакаа брзо опоравување.

Ова е веќе вторпат како принцот се зарази со ковид. Пред година дена, тој го прележа вирусот со благи симптоми. Се претпоставува дека го фатил од принцот Алберт, кој исто така беше позитивен. За потсетување, Чарлс е прв во редот да го наследи британскиот престол.

 

Иако порано се зборуваше дека круната по смртта на кралицата Елизабета, одма ќе му биде доделена на неговиот син принцот Вилијам, Чарлс тоа го демантираше. Тој целиот живот се подготвува за круната и на неа чека најдолго во британската историја од сите негови претходници.

 

 

Scroll to Top