Најстариот син на принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон, принцот Џорџ, го прослави седмиот роденден. Малиот принц го освои светот со својата насмевка, а секое негово појавување во јавноста се следи со големо внимание од обожаввателите на кралското семејство.
Сите коментираат што облекол, кого држи за рака, мама или тато, како се однесува. Најновите фотографии лансираа лавина коментари за тоа на кого личи британскиот престолонаследник.
Многумина тврдат дека Џорџ личи на Вилијам поради светлата коса, но има и такви што сметаат дека личи на некои други членови од кралското семејство.
Многумина сметаат дека принцот Џорџ најмногу личи на вујко му Џејмс, братот на војвотката Кејт Мидлтон.