Принцот Џорџ (9) ќе има една од клучните улоги на крунисувањето на кралот Чарлс.
Тој ќе биде еден од чуварите и ќе оди зад својот дедо за да ги носи наметките додека влегува и излегува од Вестминстерската опатија.
Британските медиуми пишуваат дека тоа било желба на Вилијам (40). Тој сакаше Џорџ да ја има таа улога, со оглед на тоа што тој беше наследник. На Џорџ ќе му се придружат уште тројца млади момчиња, поточно тројца негови пријатели.
Во средата се одржа пробата за крунисувањето на кралот Чарлс (74), која многумина ја очекуваат. Кралот денеска ќе ја прими својата круна во Вестминстерската опатија.
Пред тоа, шест илјади припадници на вооружените сили вежбаа марш од Бакингемската палата до Вестминстер.