Принцот Хари го обвини кралското семејство дека криеле од него дека мобилниот му е хакиран

Принцот Хари го обвини кралското семејство и Бакингемската палата дека криеле од него дека мобилниот му бил хакиран. За време на судењето во Лондон рече дека целта му е и да ги разоткрие криминалците од Asoociated Neespapers за наводното прислушкување на неговиот телефон.

Во изјавата за неговата тужба против Дејли Мејл, војводата од Сасекс рече дека бил принуден да се согласи со правилото наметнато од неговото семејство, кое било „никогаш да не се жали и никогаш да не објаснува“ во врска со односите со печатот.

„Во 2018 година станав свесен дека можам да поднесам тужба. Институцијата на кралското семејство криеше од мене информации за хакирањето на мојот телефон, а тоа ми стана јасно дури последниве години”, рече принцот Хари, а пренесе „Скај Њуз“.

Хари со уште шест лица ги тужи издавачите на „Дејли Мејл“ за хакирање на нивните телефони и повреда на приватноста. Во соопштението до медиумите, Хари рече дека сака да го повика Asoociated Newspapers на одговорност за доброто на сите.

„Британската јавност заслужува да го знае размерот на ова заташкување и чувствувам дека имам должност тоа да го разоткријам“, рече тој.

„Доказите кои ги видов покажуваат дека новинарите на Associated се криминалци со новинарски моќи, што би требало да го загрижи секој од нас“, додаде тој.

Покрај Хари, тужат и пејачот Елтон Џон, неговиот сопруг Дејвид Фурниш, актерките Сејди Фрост и Елизабет Харли, Дорин Лоренс чиј син беше убиен во расистичкиот напад и бившиот парламентарец Сајмон Хенри Вард Хјуз.

Сите тврдат дека биле жртви на голем број незаконски активнсоти направени од новинари или приватни истражители. Од Associated ги отфрлија сите обвинувања.

Хари рече дека едвај бил свесен дека телефонот му бил хакиран во 2005 година, кога се дозна дека кралскиот дописник и приватен истражител кој работеле за згаснатиот таблоид News of the World кој бил дел од News Group Newspapers, Руперт Мурдок, целел на телефоните на кралските помошници.

 

Scroll to Top