Принцот Хари му испрати писмо на Чарлс, татко му не сака да му прости

Принцот Чарлс не сака да се помири со неговиот син Хари и покрај неговите обиди да се смири со кралското семејство. Како што пренесуваат медиумите во Британија, Хари пред да се врати дома, му испратил на Чарлс лично писмо.

Тој ги објаснил причините за неговото заминување од кралското семејство и ветил дека во иднина ќе ги почитува кралските институции.

„Хари не знаеше што да очекува кога ќе се врати дома. Тој му напиша лично писмо на татко му и се обиде да ги исправи работите, но тензиите меѓу нив се големи и работите не испаднаа така како што тој очекуваше“, открива извор близок до Хари.

Лица од палатата откриваат дека и Чарлс и Вилијам не се подготвени да се смират со Хари и дека особено ги погодиле нападите на Хари и Меган во интервјуто кај Опра Винфри, пишува британски „Мирор“.

Тие во шоуто на американската водителка го нападнаа кралското семејство и го обвинија за расизам.

Хари тврдеше дека еден од членовите на кралското семејство коментирал колку невесело ќе биде неговото неродено дете и ја коментирале неговата боја на кожа. Меган тврдеше дека семејството одбило да ѝ помогне во моментите кога била бремена, па понекогаш посакувала да се самоубие.

Извор од палатата открива дека атмосферата во кралското семејство е тензична и дека постои голема недоверба меѓу членовите.

„Сега не е ни време ни место за преиспитување на работите. Таква е атмосферата во семејството. Ова е премногу емотивен моменти за сите нив. Чарлс замина во својот дом во Велс, каде работи од дома и продолжи да го почитува периодот на жалост, кој завршува в четврток. Во палатата владее многу недоверба и сè е сурово“, открива неименуван извор од палатата.

Чарлс и Вилијам закажале состанок со највисоките членови од кралското семејство за да се договорат во кој правец ќе продолжи да се развива семејството, сега кога Филип го нема. Извор од палатата велат дека сега е потребна соработка и единствено меѓу принцовите Чарлс, Вилијам, нивните сопруги, принцезата Ана и грофот и грофицата од Васекс.

Извори од палатата вели дека идните двајца крала се согласни за само една работа, а тоа е принцот Ендру. За него нема место во кралското семејство, по скандалите со сексуалата злоупотреба на малолетнички и неговата поврзаност со педофилот Џефри Епштајн.

Во план се и големи ангажмани и проекти за седум најблиски членови од кралското семејство

 

 

Scroll to Top