Принцот Хари призна дека пробал кокаин на 17 години, а земал и халуциногени печурки

Принцот Хари во неговата автобиографска книга „Спеар“ открива дека на 17-годишна возраст првпат пробал кокаин и дека продолжил да го зема уште неколку пати. Тој признал и дека пробал халуциногени печурки кои ги имал во фрижидерот во форма на колачи, а во една прилика, како што навел во книгата, поради оваа дрога, разговарал со кантата за ѓубре.

„Бев во бањата и имаше сребрена канта за отпадоци со педала за отворање. Ја погледнав и таа гледаше во мене. Се претвори во огромна глава. Згазнав на педалата, а нејзината уста се отвори. Набргу и тоалетната школка се претвори во глава“, напишал принцот во неговите мемоари.

Војводата од Сасекс во својата книга зборува и за служењето војска и за тоа како во борбените акции во Авганистан морал да убие дури 25 непријатели. Тој признава дека тоа не го радува, но и дека не се срами од тоа.

Scroll to Top