Принцот Хари рече дека не жали за ништо што објави во книгата

Хари е среќен од успехот на продажбата на книгата и од реакциите, рече извор за „Пејџ сикс“. Не жали за ништо што напишал и се гордее што мемоарите одлично се продаваат.

Минатата недела папараците го снимија на забава кај Елен Деџенерис и Порти де Роси, кои ги обновија заветите. Друштво му правеше Меган, која рече дека е горда на книгата „Резерва“, која досега е продадена во повеќе од 3,2 милиони примероци.

„Му олесна што, конечно, ја раскажа својата приказна и ја сподели со светот“, рече извор близок до него.

И двајцата беа расположени на забавата, но одбија да коментираат дали ќе се појават на крунисувањето на кралот Чарлс Трети на 6 мај. Изворот рече дека досега немаат добиено покана.

 

Scroll to Top