Принцот Хари се сврши со познатата актерка Меган Маркл

Принцот Хари, синот на принцот Чарлс и принцезата Дајана, се сврши со својата девојка, канадската актерка Меган Маркл.

Кралицата Елизабета Втора, бабата на принцот, го даде својот благослов за оваа свршувачка, која се случи овој месец во Лондон, а свадбата се очекува на пролет.

„Принцот Хари го извести нејзиното величество кралицата и другите блиски членови на семејството“, објави порталот „Clarence house-а“.

Принцот Хари исто така бараше благослов од родителите на Меган Маркл, се додава во соопштението дадено во јавноста.

Според наводите на британски медиуми, двојката ќе живее во Кенсингтонската палата.

Scroll to Top