Принцот Луис ја фотографираше Кејт по повод Светскиот ден за борба против ракот

По повод Светскиот ден на борбата против ракот, Кејт Мидлтон објави фотографија направена од нејзиниот 6-годишен син принцот Луис. Фотографијата е направена во Виндзор, а на неа се гледа како Кејт стои во шумата со раширени раце. „Не заборавајте да негувате се што се крие зад болеста“, напиша принцезата во описот на објавата.

„Слатко дете“, „Јаболкото не паѓа далеку од дрвото. Малиот е цел на мајка му“, „Благодарам Кејт што испрати поддршка до сите што се борат со своето здравје“, „Убава фотографија. Браво Луис“, беа коментарите на нејзините следбеници.

Принцезата Кејт првпат објави дека и е дијагностициран рак во март 2024 година, откако тестовите спроведени по планираната операција во јануари открија присуство на рак. Таа не откри за каков вид на рак се работи.

Во текот на следните неколку месеци, Кејт редовно споделуваше ажурирања за нејзиниот третман и здравје. Во јуни изјави дека се уште не е надвор од животна опасност и дека и претстојат уште неколку месеци хемотерапија.

Кон средината на минатиот месец ја објави среќната вест – ракот е во ремисија. „Олеснување е што сега сум во ремисија и останувам фокусирана на закрепнувањето. Како што знае секој на кого му е дијагностициран рак, потребно е време да се прилагоди на новата нормала“, рече таа во изјавата објавена на Инстаграм.

Scroll to Top