Принцот Вилијам е виновен за исфрлањето на Хари и Меган од нивната резиденција

Принцот Вилијам наводно стои зад одлуката принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл да ја напуштат нивната резиденција во Велика Британија, пренесоа британските медиуми кои се повикаа на наводите на лејди Викторија Харви.

Пијарот на војводата и војвотката од Сасекс, неодамна потврди дека од нив е побарано да се иселат од британската резиденција, а блиска пријателка на принцот Ендру во последните година дена во повеќе наврати зборувала за кралското семејство. Често зборувала што мисли и за принцот Хари и Меган.

Тврди дека принцот Вилијам наводно бил несреќен во неговиот дом Аделајд Котиџ во кој се всели пред година дена. Вилијам од Кенсингтонската палата се пресели на овој имот кој е во рамки на замокот Виндѕор, за да со семејството живее поопуштено и посмирено. Но, Лејди Викторија тврди дека не е среќен.

„Мислам дека е очигледно принцот Вилијам да ја сака таа куќа, а не Ендру“, рече таа одговарајаќи на шпекулациите дека во куќата сака да се всели нејзиниот пријател и братот на кралот Чарлс, принцот Ендру. Тврди дека Вилијам не бил задоволен со малата куќа и дека сака да се пресели во поголема.

„Ендру со години живее во куќа која и припаѓаше на неговата баба, за која беше сентиментално врзан. Таму се и неговите кучиња. А и желба на кралицата Елизабета беше да остане во таа куќа. Но, кралот Чарлс сака да го исели оттаму“, рече Викторија.

За потсетување, пијарот на војводата и војвотката од Сасекс потврди дека од семејството е побарано да се иселат од британската резиденција, три години откако се повлекоа од кралските должности.

 

Scroll to Top