Принцот Вилијам играше фудбал и со Кејт се возеа во боб-санка на Јамајка

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон деновиве се во посета на Јамајка. Двајцата се забавуваа за време на кралската турнеја низ карипскиот предел.

Кејт овој пат се одлучи да носи фустан во жолта боја, сличен на боите на знамето на Јамајка, за подоцна да облече и фустан во шарени бои. Кралската двојка го посети Тренч Таун во Кингстон, место каде што е  создадеа реге-музиката.

Вилијам играше и фудбал со млади фудбали, победници на јамајскиот Манинг Куп, додека Кејт го бодреше од трибините. Не пропуштија можност и да се сликаат со јамајканскиот боб-тим Cool Runnings, кој се натпреваруваше на Олимписките игри во градот Калгари во Канада во 1988 година.

Според таа приказна беше и снимен истоимениот филм од 1992 година, познат како „Ледената патека“. Тие го посетија и Музејот посветен на кралот на реге-музиката Боб Марли.

За потсетување, кралската двојка четири дена претходно беше во државата Белизе. Кога стигнаа во Јамајка дел од локалните жители им посакаа добредојде, додека стотина луѓе се собраа да протестираат против монархијата. Голем дел од луѓето во оваа земја се залагаат Јамајка да стане република и Велика Британија да им плати отштета за времето минато под ропство.

 

Scroll to Top