Војводата од Велс, принцот Вилијам, ќе глуми во сопствена документарна серија. 40-годишниот принц од Велс, заедно со Ај-ти-ви за серијата, која ќе го следи низ Велика Британија на голем број јавни настапи додека тој почнува иницијатива за битка против бездомништвото.
„Ова е прилично необично – никогаш порано не било направено вакво нешто“, изјавил извор од тв за весникот „Сан“.
Општо земено, пристапот до повисоките членови на кралското семејство е многу ограничен и целосно контролиран, но Вилијам очигледно сака да го промени тоа.
„Тој сака да ја истакне својата работа, особено на проектот за бездомници, што беше тема многу блиску до срцето на мајка му, и да се поврзе со јавноста на ново ниво. Тој многу добро знае колку е важно монархијата да развие помодерни односи со британскиот народ. Телевизијата е одличен начин да се направи тоа“, пренесува „Сан“.
Кралските инсајдери истакнуваат дека документарецот на Вилијам нема да биде ништо како фамозниот документарец што брат му Хари и снаата Меган го направиле за „Нетфликс“.
„Ова е драматичен контраст од она што го правеше Хари. Вилијам ги покани камерите да го следат додека ги исполнува своите должности давајќи соодветен увид во себе и во својата работа како принц од Велс – ова не е ништо слично со ТВ-појавувања на брат му“, изјавил изворот.